Top Sport

Дефанзивецот на Ајакс, Таљафико оди по стапките на Мајкл Фелпс (фото)

Одбранбениот играч на холандскиот шампион Ајакс, Аргентинецот Николас Таљафико е познат по тоа дека не се плаши да ја стави главата таму каде што некои се плашат да постават нога.

На вчерашниот меч против Фортуна се повреди, па лекарскиот тим на Ајакс му стави на главата капа која ја користат пливачите.

На друштвените мрежи тој во шега напиша дека е подготвен да заплива.

На ова реагираше и екс-голманот на амстердамскиот клуб, Едвин ван дер Сар кој напиша дека Аргентинецот тргна по стапките на Мајкл Фелпс и дека би требало од Олимпијада да се врати со златен медал.

Повредата на Таљафико не го спречи Ајакс со високи 5-0 да слави против Фортуна.

Scroll to Top