Top Sport

Дејан Манасков даде гол од зад грб против Спортинг во ЛШ (видео)

Македонскиот ракометар Дејан Манасков кој е дел од унгарски Веспрем обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите. Во двомечот против португалски Спортинг унгарскиот клуб беше подобар, па заслужено ќе се бори за влез на Ф4 турнирот во Келн.

Манасков на денешниот меч го постигна еден од најубавите голови, според ЕХФ. Брзоногото лево крило излезе сам пред противничкиот голман и одејќи на десната страна, ја шутна топката од зад грб.

Во четвртфиналето противник на Веспрем ќе биде подобриот од двобојот меѓу Флензбург и Мешков Брест.

Scroll to Top