Top Sport

Дел Потро: Не верувам дека пак ќе се вратам во топ 10

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин дел Потро се сомнева дека некогаш ќе може да се врати во врвот на АТП тениската листа после сите проблеми кои ги има со повредите. Некогашниот шампион од УС-Опен летоска мораше повторно да оди на операција, затоа што пак страдаше неговото колено.

Според првичниот план, Дел Потро требаше да се врати на теренот на турнир во Стокхолм, но сепак го одложи враќањето.

„По одредени тестови, вклучувајќи и работа на терен, востановено е дека коленото се опоравува добро. Сега може да се премине на следен стадиум на рехабилитација. Сепак, ќе морам да одморам и во октомври. Не очекувам дека ќе можам некогаш да се вратам во топ 10 по сите овие проблеми. Постар сум, но чувствувам дека можам да играм се уште“ – вели Аргентинецот.

Популарниот „Делпо“ тренираше на земјена подлога, а наредниот месец е предвиден егзибициски меч со Роџер Федерер во Аргентина.

Scroll to Top