Top Sport

Денвер го реши Далас без Дончиќ, „Нагетси“ со тројца играчи со дабл-дабл (видео)

Екипата на Денвер Нагетс нагости ја оствари јубилејната 40-та победа оваа сезона во НБА лигата со победата над Далас Маверикс од 114-104. Дури три играчи остварија дабл-дабл учинок.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 19 поени и 13 скока, Пол Милсап имаше 17 поени со 13 скока, а Мејсон Пламли постигна 12 поени надополнети си 13 скока.

Далас без услугите на Лука Дончиќ кризираше, поготово во второто полувреме. Домаќините 41-пат шутнаа за три поени, а погодија само 10 тројки. Брансон со 22 и Двајт Пауел со 20 поени беа најефикасни кај Маверикси.

Еве ги резултатите на сите ноќешни натпревари во НБА лигата:

Оклахома – Јута 148-147
Далас – Денвер 104-114
Мемфис – ЛА Клиперс 106-112
Њујорк – Минесота 104-115
Атланта – Детроит 111-125
Шарлот – Вашингтон – 123-110
Торонто – Сан Антонио 120-117
Орландо – Чикаго 109-110
Индијана – Њу Орлеанс 126-121
https://youtube.com/watch?v=BuStos445IY

Scroll to Top