Римското фудбалско дерби меѓу Лацио и Рома донесе многу шанси, возбудувања пред двата гола, а ето тоа се заврши со поделба на пленот.
Се чини дека конечните 1-1 се реален епилог на тоа што се случуваше на „Олимпико“.
Играчот на Лацио, Леива погоди статива уште во третата минута.
Младиот Заниоло од Рома во петтата минута ја погоди рамката од противничкиот гол. Уште неколкупати во првото полувреме рамките на головите спречија отворање на резултатот.
Коларов постигна гол за 0-1 во 17 минута од пенал.
Лацио со сите сили напаѓаше за израмнување, а тоа дојде дури во 58 минута. Стрелец Луис Алберто.
Еве ги најинтересните моменти од дербито: