Top Sport

Дибала, Левандовски или Џеко можна замена за Икарди во Интер

Додека фудбалскиот свет го очекува заминувањето на Аргентинецот Мауро Икарди од Интер на крајот од сезоната, италијанските медиуми калкулираат со неговите евентуални замени во шпицот на нападот.

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Полјакот Роберт Левандовски од Баерн Минхен е главен фаворит да го замени Икарди, но проблем би преставувала неговата годишна плата од 15 милиони евра што Интер не може да си ја дозволи.

Освен Полјакот, Италијанците шпекулираат и со размена Паоло Дибала – Икарди, на релација Јувентус – Интер.

Третиот потенцијален кандидат за напаѓач на Интер е Един Џеко кој според информациите на лето со сигурност ја напушта Рома.

Аргентинецот Икарди остана без капитенската лента и без минутажа кај „нероазурите“, а фудбалерот на социјалните мрежи вчера напиша дека неговата љубов кон Интер е на испит. Откупната клаузула му е 110 милиони евра, а челниците на Интер веројатно за оваа сума лесно би го продале играчот, отколку тој и неговата опруга да продолжат да им го закомпликуваат животот.

Scroll to Top