Top Sport

Дибала оди во Атлетико Мадрид, преговорите започнаа!

Атлетикот Мадрид има сериозна намера да го доведе во своите редови аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала.

„Домино ефектот“ кој беше најавен со одлуката за заминување на Антоан Гризман во Барселона би можел Аргентинецот да го донесе на „Ванда Метрополитано“, а друг аргентински фудбалер (Икарди) би можел од Интер да заврши во Торино.
Информациите се дека „Старата дама“ решила Дибала да го ослободи од обврските и за да отвори простор за Икарди во Јуве.

„Газета дело спорт“ пишува дека мадридскиот клуб е во преговори со италијанскиот шампион за трансферот на Дибала, а наводно на Аргентинецот ќе му биде понуден петгодишен договор со годишна плата од 9 милиони евра.

Дибала во Јуве е од 2015 година, а во Торино дојде од тимот на Палермо. Со Јуветус освои три шампионски титули во Серија А.

Scroll to Top