Фудбалерот на Ница, Ламина Дијаби доби прекин на договорот со францускиот прволигаш поради кражбата на часовникот на неговиот соиграч, данскиот фудбалер Каспер Долберг.
Диаби на Твитер го изрази своето разочарување, но и ги објасни причините за неговиот потег.
„Мојот чин не беше сторен заради алчноста, туку заради разочарувањето и зависта. Имам само 18 години, но мојата возраст не е оправдување. Мојата тешка состојба беше во контраст со успехот на Каспер Долберг. Неговиот часовник го зедов без причина, можеби од завист. Наместо да се борам за место на теренот, јас се однесував кукавички. Сега го напуштам клубот, каде што секогаш сакав да успеам и да напредувам, што е најголема казна за мене“ – напиша Дијаби.
Младиот фудбалер на Ница го зел часовникот на соиграчот вреден 70.000 евра, по што настана „револуција“ во клубот.