Top Sport

Дионтеј Вајлдер: Јас сум најјакиот удирач во историјата на боксот, точка!

Американскиот професионален боксер, Дионтеј Вајлдер (34) минатиот викенд по вторпат во кариерата го нокаутираше Кубанецот, Луис Ортиз и со тоа по десеттипат ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата.

По нивната борба, во светот на боксот се отвори дебата дали Вајлдер е најјакиот удирач во светот на боксот.
Легендарниот Џорџ Форман истакна дека Мајк Тајсон, Џо Луис и Џо Фрејзер се боксерите со најсилен удар.

Токму Форман, според многумина, е во самиот врв во истата категорија. Сепак, тоа на Вајлдер многу не му значи, па возврати жестоко:

„Јас сум најјакиот удирач во историјата на боксот, точка. Не ми е јасно зошто се зборува околу стари и нови генерации. Старото е минато и да го оставиме таму“.

Нова можност за демонстрација на својата сила Американецот ќе има на 22 февруари идната година кога ќе ги вкрсти ракавиците со Тајсон Фјури.

Scroll to Top