Top Sport

Директорот на Барса: Де Лихт го одбра Јуве само поради парите

Со месеци пред холандскиот дефанзивец, Матијс де Лихт да потпише за Јувентус се споменуваше дека тој со сигурност ќе ја засили одбраната на Барселона.

По се изгледа челниците на клубот од „Ноу Камп“ се уште не можат да се помират со фактот што Холанѓанецот не го засили каталонскиот клуб, па директорот на Барса, Оскар Грау изјави дека ги знае точните причини зошто младата фудбалска ѕвезда го одбра клубот од Торино.

„Испративме понуда за него, но тој на крајот го избра Јувентус. Тоа го направи затоа што таму ќе заработи повеќе пари. Италијанскиот закон за данок е таков што играчот добива поголема плата за разлика од другите држави. Доста се трудевме околу него, испративме две понуди, но тој ги одби“ – рече Грау.

Директорот на Барселона истакна и дека неславно за Барса заврши и „сапуницата“ околу враќањето на Нејмар од ПСЖ на „Ноу Камп“.

„Вистина е дека се обидовме да го вратиме Нејмар, тоа сите го знаат. За него испративме неколку понуди, и парични, но и понуди кои вклучуваа наши играчи да завршат во Париз. Сепак, очигледно ПСЖ не беше загреан да го продаде“ – додаде Грау.

Scroll to Top