Top Sport

Дивац, Кукоч и Жеравица пак се кандидати за влез во кошаркарската „Куќа на славните“

Легендите на српската кошарка, Ранко Жеравица и Владе Дивац, како и хрватскиот великан Тони Кукоч повторно и во 2019 година, исто како и годинава што полека одминува, се кандидати за влез во кошаркарската „Куќа на славните“ во Спрингфилд.

Дивац и Жеравица и порано беа кандидирани за престижното признание, а за Кукоч ова е шеста номинација да влезе во „Куќата“ во која годинава се најде името на неговиот колега од Југопластика и хрватската кошаркарска репрезентација, Дино Раѓа.

Во 2002 година дел од „Куќата на славните“ во станаа Дражен Петровиќ и Мирко Новосел, додека во 1996 година тоа сеслучи со Крешимир Ќосиќ.

Освен балканските претставници, во 2019 година за влез во одбраното друштво се кандидираа и Крис Вебер, Тим Хардавеј, Магзи Мокс, Чонси Билапс и други.

Имињата на новите членови во „Куќата на славните“ ќе бидат откриени во март во Минеаполис.

Scroll to Top