Екипата на Џенова за која 90 минути одигра капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев киксна на домашен терен против тимот на Каљари.
Мечот заврши 1-1 благодарение на голот од пенал на домашниот капитен Кришито откако од ВАР собата му алармираа на главниот судија дека имало игра со рака во шеснаесетникот на гостите.
Инаку до таа 88 минута иако поседот повеќе беше во домашните играчи, сепак гостите со 0-1 поведоа во 40 минута со голот на Паволети.
Бодот на Каљари во овој меч ништо посебно не му значи, додека загубата на двата бода за Џенова е огромна и на крајот по последното коло може да се покаже клучна. Џенова грчевито се бори за опстанок со екипата на Емполи која утре го пречекува Торино.
Доколку утре Емполи го совлада Торино, тогаш пред последното коло во Серија А Џенова ќе биде трета од дното на табелата, на позиција која води во Серија Б.
Во последното коло Џенова гостува кај Фиорентина.