Центарот на Игокеа, Роберт Рикиќ е највисокиот играч кој настапува во оваа сезона на АБА лигата. Рикиќ е висок 219 сантиметри, а во лигата настапуваат уште тројца играчи со висина од 216 сантиметри – Мајкл Оџо од Црвена Звезда, Мирза Бегиќ од Олимпија и Ален Омиќ од Будуќност.
Рикиќ коментира дека доколку би ги наплаќал селфи снимките што со него сакаат да ги направат љубителите на кошарката во регионот, би станал милионер.
На спротивната страна, листата на најниски кошаркари во регионалното натпреварување ја предводи плејот на ФМП, Филип Човиќ кој е висок 179 сантиметри. Покрај Човиќ, меѓу најниските во лигата се и Филип Адамовиќ од Игокеа со 181 сантиметар, па Словенецот Ребец од ФМП, како и плејот на Цедевита, Џејкоб Пулен.
Куриозитет е што центарот на Звезда, Мајкл Оџо има најголеми стапала од сите професионални кошаркари во светот. Тој носи број 55 и досега не е познато дали има кошаркар кој ќе ја надмине неговата бројка.