Top Sport

Џирона му „залепи шлаканица“ на Реал во Мадрид (видео)

Мадридски Реал имаше кошмарен пладневен натпревар во 24 коло од Примера во Шпанија. Кралскиот клуб е поразен со пресврт на „Бернабеу“ со резултат 2-1 од тимот на Џирона.

Реал Мадрид во 25 минута со голот на Касемиро по асистенцијата на Крос дојде во водство на мечот. Тоа беше резултатот по првите 45 минути.

Кога сите очекуваа Реал во вториот дел само да притисне и да ја зголеми предноста против клубот кој се бори за опстанок, се случи спротивното.

Џирона се отвори, нападна и плод на тоа е голот за израмнување во 65 минута преку Стуани. Серхио Рамос играше со рака со сопствениот шеснаесетник, за што заработи жолт картон. Стуани шутираше силно по средината на голот.

На Реал му требаше време да се соземе од шокот, а тоа повторно го искористи гостинот, па пречката на голот на „кралевите“ спречи гостинско водство.

Сепак резултатскиот пресврт се случи во 75 минута кога Порту нои предност од 1-2 за Џирона.

До крајот на мечот Реал се обидуваше да се врати во мечот, но единствено што е вредно за одбележување е вториот жолт картон на Рамос по што предвреме се пресели во соблекувалната.

Џирона со непланираните 3 бода барем за момент се одлепи од зоната за испаѓање, а Реал остана на третата позиција, за Атлетикот Мадрид кој има плус 2 во однос на „Кралевите“.

Scroll to Top