Фудбалерите на Реал Мадрид полека се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а тренерот Зинедин Зидан може повторно да смета на услугите на српскиот фудбалер, Лука Јовиќ.
Јовиќ го повреди глуждот на пријателскиот меч на Реал против Атлетико (пораз од 7-3). Мечот се играше на 27 јули, а по само 7 дена Јовиќ се појави на тренинг подготвен за полн контакт со соиграчите на тренингот.
Сега на Србинот му преостанува да се избори за место во стартната постава на Кралевите ако се знае дека Бензема е во добра форма.
Можност да заигра за новиот клуб ќе има на 7 овој месец кога Реал на стадионот „Ред Бул Арена“ ќе му гостува на Салцбург, а последниот подготвителен дуел за кралскиот клуб летово ќе биде против Рома на „Олимпико“ на 11 август.
⚽️ Entraînement du jour à Valdebebas avec une bonne nouvelles : Luka #Jovic à réintégrer le groupe ! ? pic.twitter.com/RIpCdRJ0m4
— Luka Jovic ?? (@LukaJovic_) August 2, 2019
Sakatlıkları geçen Thibaut Courtois ve Luka Jovic, takımla birlikte antrenmanlara katıldılar. pic.twitter.com/FC2gk4MJv2
— Real Madrid Türkiye ?? (@Rmcf__Tr) August 2, 2019