Top Sport

Дојде и тој ден, Иниеста потврди дека заминува

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, со што само ги потврди повеќе неделните шпекулаци. Иниеста е продукт на познатата академија на Барселона, а цела деценија беше еден од клучните игриачи во тимот кој доминираше во Шпанија и Европа.

„Во блиска иднина нема да можам да го давам својот максимум во Барселона. Сакам да заминам додека сум на врвот, додека освојуваме титули и додека се чувствувам користен за тимот“, рекол Иниеста на прес конференцијата, на која присутни биле сите негови соиграчи.

Иниеста наредниот месец ќе наполни 34 години, а според одредени медиуми тој веќе потпишал тригодишен договор со кинескиот тим Чунцин Дангај Лифану.

Еден од играчите што обележаа повеќе од една деценија на еден од најславните клубови цо светот, ќе го напушти „Ноу камп“ по 22 години.

„Ова е мојата последна сезона во Барселона. Долго време размислував за оваа одлука. За мене Барселона е најдобриот клуб во светот, клуб кој ми даде се“, нагласил Иниеста.

Андрес Иниеста кариерата во Барселона ќе ја заврши со двојната круна во шпанскиот шампионат.

Scroll to Top