Top Sport

Дортмунд докажа дека е господски клуб, на Белгијка по пошта и го врати изгубениот ајфон

Бундеслигашот Борусија Дортмунд докажа дека навистина е господски клуб.

Навивачка на Бриж од Белгија, тимот кој беше противник на Борусија во претпоследното коло од ЛШ, на „Сигма Идуна Парк“ го изгубила својот ајфон.

Кога се вратила дома, како што пренесуваат германските медиуми, татко и веднаш го блокирал телефонот и испратил порака дека тој е загубен, со сите податоци за сопственикот.

На огромно изненадување на Белгијката, на домашна адреса и пристигнал пакет од Дортмунд, со логото на Борусија.

Внатре се наоѓал ајфонот, а имало и благодарност од клубот што била нивни гостин во Дортмунд.

Scroll to Top