Новиот тренер на белградска Црвена Звезда, Драган Шакота при денешното официјалното претставување како нов шеф на стручниот штаб во клубот рече дека цела сезона ги следи игрите на „црвено-белите“.
„Иако не бев присутен тука, тоа не значи дека не следам. Кошарката е глобална, АБА лигата е се појака. Ги гледав 80% од натпреварте, но правам разлика меѓу гледање на мечевите и доживување долу на теренот. Сметам дека е голема работа и обврска да се водат толку голм број на мечеви, нормално е да се изгубат некои натпревари. Тоа е човечки“ – рече Шакота.
Тој смета дека ваков предизвик му бил потребен.
„Ваков предизвик чекав, Евролига и голем клуб. Мислам дека составот е многу добар. Ги гледав натпреварите, има позитивни работи, но дозволете ми да помине време па да видам. Според мене, тимот е добро селектиран“ – изјави Шакота.