Top Sport

Дрес на Џордан од 1998. на продажба, цената пола милион (фото)

Еден од последните дресови што легендарниот Мајкл Џордан ги носеше во Чикаго ќе се најде на аукција, а очекувањата се дека ќе се продаде за пола милион долари.

Дресот легендата на НБА кошарката го носеше во финалето на Источната конференција, негово последно со Булси. Тогаш „биковите“ со многу мака го елиминираа тимот на Индијана предводен од Реџи Милер.

Дресот кој ќе оди на аукција Џордан го носел во третиот и четвртиот меч од серијата, на 23. односно на 25. мај 1998 година. На првиот меч кошаркарот постигна 30, а на вториот 28 поени.

Дресот на аукција ќе го понуди компанијата „Goldin Auctions“.

„Очекуваме да поставиме рекорд за највреден дрес на Џордан на сите времиња“ вели Кен Голдин од компанијата.

Аукцијата започнува на 22 овој месец.

Scroll to Top