Top Sport

Двејн Вејд е најдобар бек-блокер во НБА, го надмина Ер Џордан (фото)

Американскиот НБА кошаркар, Двејн Вејд е рекордер меѓу бековите што имаат најмногу блокади во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Триесет и седумгодишниот кошаркарски ветеран кој е член на Мајами Хит против тимот на Атланта Хоукс ја „залепи“ 1.052 блокада и на листата на најдобри бекови – блокери изби на чело пред легендарниот Мајкл Џордан.

Вејд го држи приматот како еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Досега во кариерата трипати беше дел од најдобрата петорка на НБА.

Scroll to Top