Една од најинтересните завршници на Турската Суперлига имаше драматичен епилог, откако Галатасарај со 2:1 го совлада Башакшехир во големото дерби на претпоследното коло за само чудо да го спречи да ја освои двојната круна.
Пред овој дуел, двете екипи беа израмнети со по 66 поени на врвот на лигата, иако Галата ја имаше огромната предност во гол-разликата – +9 пред Башакшехир. Сега, „лавовите“ имаат три поени пред своите ривали пред дуелот со Сиваспор во последното коло, и потребно е големо чудо за ова да се надополни, бидејќи Башакшехир ја пречекува Аланија.
Но, до победата не се дојде лесно. Преполната „Турк телеком арена“ ја замолче босанскохерцеговскиот напаѓач Риад Бајиќ во 17-тата минута. По ова следуваа бизарни сцени – фудбалерите на клупата на двата тима влегоа во конфликт, а судијата Чунејт Чакир на крајот подели по еден жолт картон за Исмаил Чипе (Галатасарај) и Емануел Адебајор (Башакшехир).
Cüneyt Çakır, kulübeler arasındaki gerginliği VAR ekranında inceledi ve yedek kulübesinde yer alan İsmail Çipe ve Emmanuel Adebayor’a sarı kart gösterdi.
Tüm Goller için • @KramponSport pic.twitter.com/OqhlO5FQLi
— Krampon GOL (@golkrampon) May 19, 2019
Софијане Фегули ја потврди теренската иницијатива на домашниот тим со одличен гол во 47. минута, по што фудбалерите на Галатасарај постигнаа два гола кои беа поништени (еден поради игра со рака, а еден поради офсајд), пред нигерискиот напаѓач Хенри Оњекуру да постигне убав гол со глава во 64. минута за целосен пресврт и 2:1 водство.