По завршувањето на синоќешниот меч од 6 коло од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Хофенхајм (заврши 2-1 за „Граѓаните“), сите ја коментираа бравурозната интервенција на бразилскиот голман Едерсон.
Бразилскиот голман во првата четвртина од мечот, при резултат 0:0 му одбрани фантастичен удар на хрватскиот голгетер Андреј Крамариќ, кој има одлична сезона во Хофенхајм.
Хрватот шутираше со „ефе“ во горниот лев агол од голот на Едерсон, но „пантерот“ на голот на Сити со парада успеа да го спаси голот.
Одбраната на Едерсон најверојатно ќе влезе во конкуренција за интервенција на сезоната во ЛШ.
Погледнете:
Ederson save!!! ? pic.twitter.com/Lv5mPac2OG
— Man City Delhi (@ManCityDelhi) December 12, 2018