Фудбалерите на Херта и Шалке одиграа реми 2-2 во првиот меч од 19. коло во Бундес лигата.
На Олимпискиот стадион во Берлин Шалке поведе во 17 минута со голот на Конопљанка, а српскиот фудбалер, Марко Грујиќ донесе изедначување во 39 минута.
До крајот на првото полувреме Шалке повторно дојде до предност, овојпат со гол во 44 минута на Марк Ут. Сепак конечните 2-2 беа постигнати во 4 минута од првиот дел, во продолжението на полувремето. Ибишевиќ стрелец за реми на тимовите.
Погледнете ја голеадата во првото полувреме во Берлин: