Top Sport

ЕХФ: Може ли Вардар да ја повтори историјата и пак да ја шокира Европа (видео)

Ракометарите на скопски Вардар се во Келн каде утре ги очекува полуфиналниот дуел против фаворизираната Барселона.

Европската куќа на ракометот – ЕХФ во пресрет на утрешниот полуфинален дуел (мечот започнува во 18 часот) на Ф4 турнирот направи најава за патот на Вардарци до Келн и можност повторно да играат за највредното клупско одличје на Стариот континент.

Најавата на ЕХФ гласи:

„Може ли Вардар да ја повтори историјата и повторно да ја шокира Европа“.
Погледнете:

Scroll to Top