Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц (76) денеска почина во шпанската престолнина како последица од коронавирусот
Lorenzo Sanz helped Real Madrid lift the Champions League in 1998 and 2000.
RIP ❤ pic.twitter.com/3SfLo5fTmw
— Goal (@goal) March 21, 2020
Тој беше на чело на Реал од 1995 до 2000 година, во периодот кога клубот (во 1998 година) ја освои Лигата на шампионите по пауза од цели 32 години.
Во вторникот Санц беше примен во болница по 8 дена со интензивно покачена температура.
Му беше направен тест за Covid-19, на кој беше позитивен. Неговото здравје се влоши и заврши со смртен исход.
Санц е роден во Мадрид на 9 август 1943 година. Во Кралскиот клуб дојде во 1985 година, како помошник на Рамон Мендоза, кого го наследи по цели 10 години.
Во својата прва полна година на функцијата (1996/97) направи екипа предводена од Фабио Капело со играчи од калибарот на Мијатовиќ, Шукер, Роберто Карлос, Сидорф кои се приклучија на Фернандо Јеро, Раул и Редондо.
Екипата не стигна до елиминациите во ЛШ, првпат во својата историја, иако претходно ја освои Ла Лига. Капело доби отказ и се врати во Милан.
Сепак, Реал со Јуп Хејкенс како тренер во 1998 година ја освои ЛШ.