Top Sport

Екс-репрезентативец на Англија на 31 година ја заврши кариерата

Екс-репрезентативецот на Англија, Мика Ричардс се одлучи поради бројните повреди на 31 година да ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Ричардс е роден во Бирмингем, но како дете дошол во Манчестер и ја помина фудбалската школа на Сити. Беше прогласен за најталентиран дефанзивец на својата генерација, а за „Граѓаните“ дебитираше на 17 години.

За Манчестер Сити одигра 245 натпревари.

Англичанецот имаше епизода и во Фиорентина, а пред 4 години се врати во родниот град каде потпиша за тимот на Астон Вила.

Сепак, неговата кариера ја уништи хроничната повреда на коленото, па тој нема одиграно официјален меч уште од октомври 2016 година.

Scroll to Top