Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити и екс-репрезентативец на Брегот на слоновата коска, Јаја Туре „раскина“ со грчки Олимпијакос.
Фудбалерот во Атина стигна како големо засилување за грчкиот тим, но неговата епизода траеше само 3 месеци.
Во септември го потпиша договорот со Олимпијакос, голем број навивачи го дочекаа, но сезонава имаше само 5 настапи за клубот со 222 минути минати на терен.
Договорот со Туре беше потпишан на една година, со годишна плата од 2,5 милиони евра.