Шпанскиот фудбалски тренер, Унаи Емери одби да го преземе кормилот на премиерлигашот Евертон, а исто така одбил и две финансиски примамливи понуди од Кина.
Емери, кој неодамна доби отказ на менаџерската позиција во Арсенал, беше заменет поради лошата форма на „топчиите“ иако играше финале во ЛЕ минатата сезона.
„Карамелите“ исто така останаа без својот менаџер откако Управата му врачи отказ на Марк Силва, па во Евертон видоа можноста екс-тренерот на Севилја и Валенсија да седне на тренерското столче на „Гудисон парк“.
Сепак, Емери ги одби.
Како што пренесоа британските медиуми, покрај Евертон за неговите услуги силно биле заинтересирани два клуба од Кина, но ставот на Шпанецот е дека засега не го интересираат само пари, туку тим кој ќе игра за трофеи.
Шпанскиот стручњак досега има освоено 10 трофеи, а играл со своите тимови во 6 европски финалиња. Има преку 600 меча во три од најсилните европски лиги – Премиерлига, Ла Лига и Лига 1.