Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ потпиша за катарски Ал – Духаил и по четири ипол години го напушти Јувентус.
Манџукиќ откако потпиша за катарскиот клуб, токму на Божик се прости со „Старата дама“.
„Невозможно е да се состави опростувачка порака по 4,5 години, но се надевам дека ја видовте мојата страст кон клубот и екипата во секој меч кој го одиграв за Јувентус.
Големо благодарам на господата Алегри и Марота што ме сакаа во Торино – ми беше привилегија да играм за Јувентус, а минатите неколку месеци нема да го променат мојот респект и љубов кој го чувствувам за клубот.
Сакам да се заблагодарам на сите соиграчи кои ги имав овие сезони, навистина уживав во секоја битка со вас, а освоивме многу.
Нема да ги заборавам сите оние победи и трофеи, резултат на нашиот квалитет, напорна работа и духот на екипата.
Големо благодарам за стручниот штаб кој својата работа ја заврши зад кулисите – тренерите, лекарите, физиотерапевтите и сите останати кои се грижат за секој играч на Јувентус работејќи во најдобри можни услови за да биде успешен.
На крај, најголемо благодарам на прекрасните навивачи кои се вистинската причина зошто е клубот колку голем и успешен. Навистина сум благодарен на поддршката која ми ја покажавте уште од првиот ден.
Секогаш давав се од себе за „Бјанконерите“. Ви посакувам се најдобро, а што се однесува на мене, време е за ново поглевје.
Засекогаш ваш Марио!„ – напиша Манџукиќ на Инстаграм.