Top Sport

Енди Мареј: Можно е да имав коронавирус!

Британскиот тенисер, Енди Мареј изјави дека се сомнева дека е можно во изминатиот период да го прележа коронавирусот. Тој откри дека се чувствувал лошо и ги имал истите симптоми кои ги имаат и оние кои го имаат видус Ковид 19 во себе.

„Пред еден месец бев болен, 3-4 дена. Тоа се случи пред да отидам во изолација. Поголемиот број на луѓето со кои разговарав ги имаа истите симптоми и се чувствуваа помалку болно, но тешко е да се знае дали сте го имале вирусот или не“ – изјави Мареј за СНН.

Тој рече дека не се тестирал на коронавирус.

„Очигледно тестот треба да се сочува за оние во потешка ситуација и за здравствените работници“ – вели тенисерот.
Мареј со нетрпение чека кога тенисерите ќе можат да се вратат на терен.

АТП дефинитивно е суспендирана до средината на јули.

„Сметам дека тенисот ќе биде меѓу последните спортови кои ќе добијат зелено светло за враќање. Играчите, тренерите и тимовите доаѓаат од различни делови на светот. Ќе се изненадам ако се најдеме на теренот пред септември“ – смета Шкотланѓанецот.

Scroll to Top