Младите фудбалери на Романија се изненадувањето на ЕУРО У-21.
Вечерва и нив, но и на младите Французи за поминување на групната фаза и влез во полуфиналето на првенството им требаше нерешен резултат на меѓусебниот дуел. Така и бидна.
Досадни 0:0. Единственото возбудување беше на стартот на мечот. Се бараше асистенција од ВАР за пенал за Романците. Пенал не беше досуден.
Најголем губитник од ремито на овие две селекции е домаќинот на шампионот, Италија. На Италија по третпат и се случува елиминација на идентичен начин.
Пред 15 години на Европското првенство во Австрија и Швајцарија, Данска и Шведска одиграа 2-2 и со тоа ја испратија Италија дома.
Во 2015 година, пак, на ЕП У21, Италија требаше да победи над Англија, ама да има победник на дуелот Португалија и Шведска.
Италијанците победија, ама другиот дуел заврши 1-1, па „азурите“ повторно со наведнати глави.
На вториот вечерашен меч на ЕУРО У-21, без резултатско значење, Англија и Хрватска одиграа 3-3. Англичаните трипати водеа, Хрватите се враќаа и на крај мечот ремизираше.
Во полуфиналето на ЕП У-21 ќе играат Шпанија-Франција и Германија-Романија.