Фудбалерите на Шпанија за играчи до 21 година вечерва со 5-0 славеа победа против Полска и благодарејќи на високата гол разлика се пласираа во полуфиналето на Европското првенство У-21.
Во истата група, Италија вечерва со 3-1 славеше победа против Белгија, па се направи круг од 3 селекции со по 6 бода (Полска, Шпанија и Италија).
Шпанците имаат гол разлика 8-4, Италијаните 6-3, додека Полјаците 4-7, па затоа „Фуријата“ ја освои групата.
Италијанците и понатаму се со шанси да ја продолжат борбата за трофеј на првенството на кое се домаќини, но сега ќе зависат од резултатите од останатите групи.