Top Sport

Еурофарм Работник остана без тренер, Чирковиќ го напушти кормилото

Прекината е соработката меѓу тренерот Ѓорѓе Чирковиќ и битолскиот ракометен клуб, Еурофарм Работник, откако стратегот побара раскин на договорот. Чирковиќ на овој чекор се одлучи поради очајно слабото издание на клубот против Татабања и претрпениот двоцифрен пораз во ЕХФ клубот, а посебно тешко му паднало, според неговата изјава, незалагањето на дел од ракометарите.

„РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека спогодбено на негово барање го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Српскиот тренер ја презеде екипата ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот. Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот. РК Еурофарм Работник наскоро ќе ја информира јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер“ – соопштија од Еурофарм Работник.

Останува час поскоро битолскиот клуб да назначи нов кормилар затоа што следниот викенд ги чека нов предизвик во ЕХФ – купот, во Нашице кај Нексе.

Scroll to Top