Top Sport

Еурофарм Работник загуби од Нексе во ЕХФ купот, неславно деби на Алушовски

Новиот тренер на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски со пораз ја започна тренерската авантура кај битолскиот преставник во ЕХФ купот. По одличното прво полувреме, Еурофарм немаше сили за подвиг против Нексе во Нашице, па претрпе пораз со 23-18.

Гостите од Битола одиграа борбено во првите 30 минути, па на паузата заминаа со нерешени 10-10.

Сепак, во вториот дел се распадна играта на Еурофарм, посебно во нападот и за 30 минути само осумпати го пронајдоа патот до мрежата.

Најефикасен кај „фармацевтите“ беше Остроушко со 6 голови, а 3 гола постигна репрезентативниот бек, Филип Кузмановски.

Во следното коло од ЕХФ купот Еурофарм Работник на 3 март сега ќе му биде домаќин на Нексе во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Scroll to Top