Денешното дерби меѓу Евертон и Арсенал заврши со победа на условно послабиот тим кој сезонава има помали амбиции. Евертон на својот „Гудисон парк“ славеше со 1-0, со голот на Јагиелка во 10 минута против „топчиите“.
Арсенал не ја играше препознатливата игра, речиси и да не шутна вистински кон противничкиот гол, додека пак Евертон во второто полувреме пропушти неколку стопроцентни шанси за убедлива победа.
По ова коло, Тотенхем е трет на табелата со 64 бода, па Арсенал четврти со 63, Челси е петти со 63, додека Манчестер Јунајтед е шести со 61 бод.