Top Sport

Евертон со новиот тренер се врати на победничка патека, падна Челси (видео)

Тимот на Евертон беше во негативна серија од три врзани порази кога Данкан Фергусон го презема кормилото на „карамелите“ и веднаш има резултат.

Попладнево клубот од Ливерпул на својот „Гудисон парк“ славеше триумф против лондонски Челси, што е трет пораз за четата на Лампард во 4 меча, со 3-1.

Домашните прикажаа отворен, агресивен фудбал уште од самиот старт, па уште во 5. минута Ришарлисон го најде патот до мрежата на Кепа Аризабалага. Тоа беше резултатот со кој се отиде на одмор.

Во второто полувреме, по само 4 минути игра водството на домаќините беше зголемено на 2-0. Левин погоди за радост во гледалиштето. Три минути по голот на Евертон, Челси преку хрватскиот интернационалец, Матео Ковачиќ намали на 2-1 и ја врати неизвесноста.

Сепак капак на натпреварот стави повторно Левин во 84 минута со својот втор гол, откако голманот Кепа направи нова грешка.

Scroll to Top