Манчестер Јунајтед освои само бод на својот стадион против екипата на Евертон во рамки на 17 коло во Премиерлигата. Дуелот меѓу „ѓаволите“ и „карамелите“ заврши 1-1 со по еден гол во двете полувремиња.
Евертон прв стигна до предност на „Олд Трафорд“. Во 36. минута по еден корнер на гостите, топката несреќно удри во ногата на дефанзивецот на Јунајтед, Линделоф и заврши во мрежата на Де Хеа.
Манчестер имаше повеќе од играта, но никако не успеваа пулените на Солскјер да го загрозат голот на Пикфорт.
Сепак, тоа му појде од рака на Гринвуд кој со погодок во 78 минута и донесе еден бод на својата екипа.
Јунајтед денеска израмни негативен рекорд стар 48 години. „Ѓаволите“ на 12 меча во низа примаат најмалку по еден гол.
Тотенхем со Жозе Мурињо на чело на екипата дојде до важни 3 бода кај Вулверхемптон и тоа во самиот финиш на мечот.
Моура ги доведе Спарси во водсво на гостувањето кај „волците“ уште во првиот дел.
Во 67 минута на семфарот стоеше 1-1. Гол за израмнување дело на Адам Траоре.
Кога сите помислија дека мечот ќе заврши со поделба на бодовите, Вертоген во 91 минута погоди за 3 бода за Тотенхем на тешкото гостување.