Top Sport

Езил: Ќе бидам подготвен за Светското првенство

Играчот на Арсенал, Месут Езил, ќе се рехабилитира од повредата на грбот и ќе биде подготвен да настапи на Светското првенство во Русија.

Езил, во неделата, не играше против Барнли, а како што соопшти нема да игра повеќе за Арсенал до крајот на сезоната.

„Потребен ми е мал период за да закрепнам, меѓутоа ќе бидам целосно подготвен за да настапам на Светското првенство наредниот месец во Русија“, напишал на социјалните мрежи германскиот репрезентативец.

Германија одбраната на титулата на СП во Русија ќе ја започне на 17.јуни против Мексико.

Scroll to Top