Саботната програма на јапонското Гран-при во Формула 1 што овој викенд треба да се вози на патеката „Сузука“ е откажана, објави ФИА.
Квалификациите сега добија нов термин. Тие ќе се возат в недела рано наутро, во 10 часот по јапонско време, односно во 3 часот наутро по македонско.
Според новоутрврдениот тајминг, квалификациите за трката ќе се одржат на само 4 часа пред официјалниот старт на трката (закажана е во 7.10 часот по македонско време).
Информациите се дека третиот слободен тренинг е откажан и нема воопшто да се вози.
Промените во саатницата се поради тајфунот Хагибис кој ја зафати Јапонија, кој цела недела ги загрижуваше организаторите на Ф1 трката.
Метеоролозите за утре предвидуваат ветер со брзина од околу 120 километри на час, па затоа безбедноста на Ф1-трката е сериозно загрозена.
#TyphoonHagibis update: still a huge violent typhoon tracking toward Japan. Current forecasts (subject to change) take the centre right through Tokyo on Sat as a 'very strong' typhoon. Flooding rain & damaging winds likely.#ENGvFRA #RWC19 and #F1 quali under threat. pic.twitter.com/z6M8ghdVro
— Simon King (@SimonOKing) October 9, 2019