Top Sport

Фан на Бенфика отишол во „погрешен“ Франкфурт да го бодри својот тим (фото)

Навивач на португалска Бенфика од Лисабон патувал 16 часа за да стигне во Франкфурт, а тогаш видел дека го погрешил градот.

Фудбалерите на Ајнтрахт Франфурт вечерва во 21 часот ќе ја пречекаат Бенфика во реванш мечот од четвртфиналето на Лига Европа. Во Лисабон Португалците славеа со 4-2.

Навивачот на Бенфика, Алваро Оливеира тргнал кон Франкфурт за да го бодри својот тим во важниот европски меч. Но наместо да стигне во Франкфурт на Мајна, Оливеира отпатувал во Франкфурт на Истокот, во погрешен град.

Добил порака на Инстаграм дека погрешил, па објавил фотка со наслов „Стигнав“.

Помалку познатиот Франкфурт е одалечен од градот на Мајна повеќе од 6 часа возење, а Португалецот сфатил дека погрешил кога видел дека во градот нема никаков стадион.

Scroll to Top