Ула, сопругата на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе остане запаметена како личност од сенка која донела вистинска одлука во полза на клубот од „Енфилд“.
Навивачите на „црвените“ кон крајот на минатата година се смирија кога дознаа дека Јирген Клоп го продолжил договорот со клубот за уште 5 години и на „Енфилд“ ќе остане најмалку до летото 2024 година.
Навивачите стравуваа дека Германецот би можело да си замине од клубот на крајот на договорот, а притоа е желба на фудбалските гиганти во Европа.
Тогаш во целата приказна се вклучила неговата сопруга, Ула која му сугерирала да потпише нв договор со „црвените“. Неа очигледно и се допаѓа животот во „градот на Битлси“.
Најзаинтересирани за ангажман на Клоп беа клубовите од Шпанија, но таа увидела дека трансфер во оваа земја би бил проблематичен за Јирген поради тоа што не го владее шпанскиот јазик.
Информациите се дека госпоѓа Клоп по вторпат одиграла клучна улога на радост на навивачите на Ливерпул. Првиот пат тоа го направила пред Клоп да стане менаџер на „црвените“, во 2015 годин.
Екс-играчот на клубот, Фил Томсон во разговор за норвешката телевизија „ТВ2“ рекол дека Клоп таа 2015-та година многу лесно можел да заврши на клупата на Манчестер Јунајтед, но неговата жена му рекла дека тоа не е вистинскиот потег.
Јирген во една прилика му го кажал токму тоа на Томсон.
Ула Клоп во историјата на Ливерпул ќе остане запаметена како од сенка влијаела на успесите на славниот англиски клуб.
Јирген Клоп минатата сезона му ја донесе на Ливерпул шестата титула во ЛШ, а оваа сезона само чудо може да го спречи да не го донесе на „Енфилд“ трофејот од Премиерлигата на кој се чека цели 30 години.