„Македонскиотo репрезентативнo крило Бојан Маџовски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник“ пишува на ФБ страната на битолскиот ракометен клуб.
„Фармацевтите“ од Битола продолжуваат со засилување на екипата. По вчерашната вест дека тимот ја засили голманската позиција со репрезентативецот Никола Митревски, сега во Битола се сели и левото крило од Металург, Бојан Маџовски.
Маџовски пред две сезони настапуваше во Битола, но во градскиот ривал на Еурофарм, тимот на Пелистер.
Информациите од Битола се дека најверојатно на Маџовски во „градот на конзулите“ ќе му се придружи и довчерашниот колега од Металург, репрезентативецот Марио Танкоски.