Top Sport

Федерацијата ја поддржа иницијативата на МЗТ

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) експресно реагираше и ја подржа иницијативата на МЗТ Скопје Аеродорм за намалување на бројот на странски играчи во македонската кошрка.

МКФ, давајќи поддршка на предлогот, ги повика и останатите клубови да застанат позади иницијативата на актуелниот шампион.

„Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно и брзо решение за поставување на квалитетна основа за успешност на идните генерации“, стои во реакцијата на МКФ објавена на официјалната интернет страница.

Scroll to Top