Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал (моментно втор на АТП листата) за два ипол часа со 3-0 во сетови го порази во полуфиналето легендарниот Швајцарец, Роџер Федерер (трет на АТП) на гренд-слем турнирот Ролан Гарос во Париз.
Федерер немаше шанси против расположениот Надал, па успеа да освои само 9 гема во трите сета, резултатот гласеше 6-3 6-4 6-2 за Шпанецот.
Силниот ветер во Париз се закануваше да го одложи денешното полуфинале меѓу двете тениски легенди, но сепак двајцата решија на публиката да не и го скратат задоволството да гледа ново тениско „ел класико“.
(?@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/yilL65Ur6p
— doublefault28 (@doublefault28) June 7, 2019
Во првите два сета Швајцарецот пружи посилен отпор.
Првиот сет Надал го доби со 6-3 благодарение на двата брејка што ги направи на противнички сервис.
Во вториот сет се играше деветтиот гем, кога Федерер не успеа да поведе против Шпанецот, по што го загуби и овој сет.
Во третиот сет психолошката предност беше кај Надал, па Швајцарецот се што успеа да направи беше да освои два гема и да му честита на подобриот за победата.
Надал во финалето на единствениот гренд-слем кој се игра на земјена подлога ќе се судри со подобриот од второто денешно полуфинале, Ѓоковиќ-Тим.