Поранешниот прв светски тениски рекет, легендарниот Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка донираа 1 милион швајцарски франци (околу 940.000 евра) на семејствата кои се загрозени поради пандемијата од коронавирусот во Швајцарија.
„Ова се тешки времиња за сите и никој не смее да биде запоставен“ напиша Федерер на социјалните мрежи.
Во Швајцарија има речиси 10.000 заболени од опасниот вирус, а досега 122-ца ја загубија борбата со коронавирусот.
Федерер, кој е рекордер по бројот на освоени грен слем титули, вкупно 20, моментно се опоравува од операцијата на коленото.
Тениската сезона е прекината најмалку до 7 јуни.