Top Sport

Федерер го порази Беретини во Лондон и остана со шанса за полуфинале

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер предмалку славеше победа од 2-0 (по сетови 7-6 и 6-3) против италијанскиот тенисер, Матео Беретини на финалниот АТП турнир од Мастерс серијата во Лондон.

Швајцарскиот ас имаше силен отпор од Италијанецот во првиот сет кој го доби на тај-брејк, но во вториот сет психолошката предност беше на негова страна и не му препушти никаква надеж на младиот играч за сензација.

Беретини го загуби и натпреварот од првото коло на Мастерс турнирот, од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Со денешната победа, Федерер се уште има шанси за пласман во полуфиналето, иако загуби завчера загуби од Австриецот Доминик Тим.

Токму Тим и Ѓоковиќ денеска од 21 часот ќе го одиграат меѓусебниот дуел, а победникот од овој меч ќе биде сигурен полуфиналист.

Scroll to Top