Top Sport

Федерер и Надал не им дадоа многу шанси на Германците во Париз

Шпанскиот и швајцарскиот тенисер, Рафаел Надал и Роџер Федерер без поголеми проблеми поминаа ново коло на вториот годинешен гренд-слем, Ролан Гарос во Париз.

Надал од Германецот Јаник Маден (114-ти на АТП) загуби само 7 гема во трите сета. Триумфираше со 3-0, или по сетови 6-1 6-2 6-4.

Федерер исто така играше против Германец, Оскар Оте (144-ти на АТП). Швајцарецот кој е трет светски рекет во моментов триумфираше исто така во три сета, со 6-4 6-3 и 6-4.

Без проблеми кај мажите денеска триумфи забележаа и Нишикори против Цонга 3-1 (4-6 6-4 6-4 6-4), Вавринка против Гарин 3-0 (6-1 6-4 6-0).

Србинот Ѓере славеше против Попирин 3-0, Аргентинецот Лондеро беше подобар од домашниот тенисер Гаске 3-0, а проблеми немаше ниту Гркот Циципас против Боливиецот Делиен, победа од 3-1.

Scroll to Top