Top Sport

Федерер спаси две меч топки и го „прескокна“ Монфилс во Мадрид

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер предмалку успеа по двочасовна борба да слави победа против 18-тиот светски тенисер во моментов, Французинот Гаел Монфилс на Мастерсот во Мадрид. Крајниот резултат на мечот со кој Швајцарецот обезбеди четвртфинале гласеше 2-1 или по сетови 6-0 4-6 и 7-6(7-3).

Првиот сет не наговестуваше драматика на мечот, затоа што третиот светски тениски ас го доби првиот сет перфектно, со 6-0.

Сепак, Французинот кој е познат по тениските егзибиции не се предаде и успеа да го израмни резултатот на 1-1 откако вториот сет го доби со 6-4.

Вистинските возбудувања следуваа во третиот, одлучувачки сет во кој Монфилс имаше две меч топки за победа. Федекс се одбрани, ја презема иницијативата и во тај брејк со 7-3 се избори за четвртфинале на турнирот.

Таму противник за влез меѓу четирите најдобри на турнирот, на кој пласман во следна фаза обезбедија и Надал и Ѓоковиќ, ќе му биде Доминик Тим. Австриецот за дуел со Федерер се избори по победата над Италијанецот Фоњини.

Scroll to Top