Top Sport

Фергусон успешно опериран

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон (76), вечерва бил успешно опериран и неговата здравствена состојба е стабилна, потврди неговиот клуб. „Скај спорт“, претходно објави дека Фергусон се наоѓа во тешка здравствена состојба и дека ќе биде опериран во текот на ноќта.

Клубот од „Олд Трафорд“, во соопштението наведе дека Шкотлаѓанецот утрово бил хоспитализиран поради крварење во мозокот.

„Телеграф“, дознава дека по операцијата здравствената состојба на човекот што 26 години со многу успех го предводеше Манчестер јунајтед е стабилна.

Сер Фергусон е болен, треба да биде опериран во текот на ноќта

Scroll to Top