Top Sport

Ферстапен доминираше и во Австрија во бизарна трка со серија казни!

Макс Ферстапен ја прекина својата низа од 248 круга во водство на Австриското ГП, но сепак, стигна до доминантна победа за уште еден чекор кон третата светска титула, додека најмногу контроверзи предизвикаа низата казни за излегување од границите на патеката кои ги поделија стјуардите на трката.

Ферстапен имаше над 20 секунди предност за победа пред Шарл Леклер во Ферари, додека на подиумот заврши и вториот возач на Ред бул, Серхио Перез иако стартуваше од 14. место.

Карлос Саинс, кој во првиот дел од трката влезе во конфликт со својот тим поради тоа што не му беше дозволено да го помине колегата Шарл Леклер, заврши како четврт, а во поени беа и Лендо Норис во Мекларен, Фернандо Алонсо во Алпин, двојката на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, како и Пјер Гасли (Алпин) и Ленс Строл (Астон Мртин).

Стартот на трката беше „интересен“ за Ферстапен, откако Леклер беше на чекор да го помине, но на крајот Холанѓанецот остана сигурен и потоа немаше проблем да остане во водство. Во трка со повеќе влегувања во боксот, тој, конечно го предаде првото место од кое не се „мрднуваше“ од трката во Мајами во мај. На крајот, тој дури и ризикуваше да го загуби и првото место влегувајќи во боксот на два круга пред крајот во „лов“ на најбрзиот круг и дополнителниот поен, кој успеа да го „грабне“ од својот колега, Перез.

Ова е петта победа во низа оваа сезона за Ферстапен, и петта на трката во Шпилберг, а вкупно 43. во кариерата.

Scroll to Top